Востоличен Поглаварот на Православната Црква во Америка
 
 
 
 
 

Востоличен Поглаварот на Православната Црква во Америка (30.01.2013 19:48)

Востоличувањето на Вашингтонскиот архиепископ, Митрополитот на цела Америка и Канада Тихон се одржа во недела во соборниот храм „Св. Никола“ во Вашингтон, соопшти сајтот на Православната Црква во Америка.

На богослужбата учествуваа членовите на Соборот на епископи на Православната Црква во Америка и претставници на другите Православни Цркви.

Архиепископот Филаделфиски и на Источна Пенсилванија Тихон беше избран за Поглавар за време на седумнаесетиот Сеамерикански Собор на Православната Црква во Америка, на 13 ноември 2012 г., што се одржа во црквата „Света Троица“ во градот Парма (Охајо).

Архиепископот Тихон (во светот Марк Молард) е роден во Бостон, Масачусетс, 1966 г. Во 1988 дипломирал на колеџот „Френклин и Маршал“ (Ланкастер, Пенсилванија) и добил диплома за уметноста во областа на францускиот јазик и социологијата. Во 1989 г. тој бил прифатен во Епископатската Црква во рамките на Православната Црква. Истата година тој се запишува на факултетот „Св. Тихон“ (Пенсилванија). Една година подоцна станал послушник во манастирот посветен на св. Тихон Задонски (Пенсилванија). Во 1993 г. дипломира на факултетот со звање магистер и станува професор по Стар Завет на истиот. Во 1995 бил потстрижен во мала схима од Филаделфискиот Архиепископ Герман со името Тихон, во чест на св. Тихон, Патријархот Московски. Истата година бил ракоположен во јероѓакон, а потоа во јеромонах. Во 1998 му бил даден игуменски чин, а во 2000 станал архимандрит. Во декември 2002 г. бил назначен за заменик на Митрополитот Герман и старешина на манастирот „Св. Тихон Задонски“. Во 2004 е хиротонисан за епископ, а во 2012 е возведен во чин Архиепископ.

Извор: Светигора