Опело на проф. Славчо Влчанов во црквата на Света Недела во Софија
 
 
 
 
 

Опело на проф. Славчо Влчанов во црквата на Света Недела во Софија (30.01.2013 00:02)

На денот на својот празник Богословскиот факултет на Софискиот универзитет се прости со едниот од еминентните предавачи – проф. Славчо Влчанов. На празничната Света Литургија во чест на големите богослови свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст, беа упатени молитви за покој на новопреставениот Славчо Влчанов. Богослужбата во параклисот на академијата ја возглави Митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф. Подоцна богословите повторно се собраа во митрополитската катедрала на Света Недела, каде што се одржа опелото на проф. Славчо Влчанов. Храмот целосно беше исполнет со духовници, пријатели, студенти и многу бивши студенти на големиот библеист и предавач. Со опелото чиноначалствуваше митрополитот Јосиф. Слово за животот и делото на проф. Влчанов произнесе епископот Знеполски Јован. Во него тој си спомна за неговиот животен пат и за научните постигнувања на професорот, истакнувајќи ја неговата скромност и длабока вера. На денешен ден заупокоени служби за проф. Влчанов беа отслужени во многу храмови на неговата епархија, каде што големиот богослов бил добро познат и каде што гостувал. Архиерејот го искажа своето сочуство на неговото семејство од името на раководството на Бугарската Православна Црква.

Во одделот „Биографии и творештво“ на сајтот „Живо предание“ во спомен на професорот денес беше вклучена целосна библиографија на неговото богато творештво во областа на библистиката на бугарски и на други јазици (тука).