Ѓоковиќ: „Свети Сава беше покрај мене до победата!“ (31.01.2013 20:07)
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ изјави дека св. Сава му помагал за да дојде до триумфот на Австалијан опен.
Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата го освои Австалијан опен. Српскиот тенисер одлучи да им се обрати на фановите за поддршка на Ози опен: „Драги мои пријатели, еве ме назад во кревет после неколку луди часови. Имав многу интервјуа за телевизии и весници, но не стигнав лично вам да ви се обратам. Не грижете се, никако не сум ве заборавил. А и некако вам треба посебно да ви се обратам – сепак, ние најдобро се разбираме, на наш јазик. Прво, на сите да ви го честитам Св. Сава, нашата училишна слава. Верувам дека многу училишта овие денови подготвиле убави приредби за родителите и семејствата. Св. Сава денес беше покрај мене, сѐ до победата!
Сѐ уште ме држи возбудата и верувам дека тоа ќе трае со денови. Би сакал да имам малку повеќе време да се опуштам и да си дозволам да уживам во овој успех, но тенисот е многу брз спорт како на теренот, така и надвор од него. Веднаш ги пакувам торбите и морам да одам понатаму... Следната станица е Белгија и Дејвис купот. И верувајте ми, едвај чекам!
А, до тогаш, малку да се навратам на минатите неколку недели и да ги средам впечатоците како за вас, така и за себе.
Иако бев многу далеку, дури и во Австралија, не се чувствував нималку осамен. Имав тим кој секогаш беше покрај мене и ми помагаше да бидам подготвен за мечовите, а ве имав и вас и вашата поддршка, од почетокот до крајот. Ви благодарам што доаѓавте во толку голем број да ме гледате! Знам дека вечерва немаше доволно карти за сите да присуствувате на стадионот и да го проследите мечот, и ви благодарам што и покрај тоа бевте надвор и навивавте. Ве чув и многу ми значеше вашата поддршка! И среќен сум што тенисот поврза милиони луѓе низ светот, што можам да ги инспирирам да почнат да тренираат спорт и да се борат за своите успеси. Убаво е што сите нѐ поврзува љубовта кон тенисот, а заедно можеме да направиме прекрасни нешта! Да шириме љубов, да ги мотивираме луѓето да бидат подобри, да работат, учат, тренираат... Имаме голема моќ!
Уште еднаш би сакал да ви се заблагодарам на сите за непреспиените ноќи, на големата поддршка и љубовта која ми ја праќате. Знам дека моите успеси ве радуваат и инспирираат, па тоа ми е дополнителна мотивација да бидам уште подобар. А оваа година само што започна, големи работи ни претстојат... уште од утре наутро“, напиша најдобриот тенисер на светот на Фејсбук.
Извор: Светигора