Во Романија прогласена „Година на о. Димитру Станилое“ (02.02.2013 19:14)
Светиот Синод на Романската Црква ја прогласи 2013 г. за „Година на о. Димитру Станилое“. Оваа година навршуваат 110 години од раѓањето и 20 години од смртта на познатиот ромаски богослов. Годишнината е прогласена од Патријархот Даниил на денот посветен на св. Три Светители – покровителите на богословската наука, во храмот „Св. Спиридон“ во романскиот главен град. Оваа година ќе се одржат многу семинари и други манифестации, коишто ќе имаат за цел да ги популаризираат личноста и делото на отец Димитру. Во своето слово Патријархот Даниил се задржа на улогата на отец Д. Станилое за неопатристичката синтеза, која беше дел од секој следен богословски правец во изминатиот век. Тој потсети дека на Православниот богословски конгрес во Атина во 1937 г. многу се дискутирало за потребата од развивање на синтезата на светоотечкото богословие во контекст на современиот свет. Преродбата на патристичкото неследство е сведоштво дека црковната традиција е жива и динамична реалност, истакна Патриајрхот. Како водечки имиња во богословието на 20 век тој ги одликува отец Георгиј Флоровски (1893-1979) и Владимир Лоски (1903-1959) од руската дијаспора, Јоан Кармирис (1904-1991) од Грција, о. Јустин Поповиќ (1894-1979) од Србија и отец Димитру Станилое (1903-1993) од Романија.
„Отец Димитру беше учител на православната духовност и духовниот живот. Тој беше ревносен заштитник на Прваославието, водач и учител за смирението во богословието, преведувач на светоотечкото богатство и неуморен автор на богословски и духовни дела“, кажа Патријархот во своето слово.
Извор: Двери.бг