Рускиот Патријарх Кирил: архиерејот пред сѐ е пастир (05.02.2013 11:29)
„Активирањето на религиозно-образовната, катихезичката, благодетелна работа кај младите бара посебно внимание од страна на епископот“, истакна Поглаварот на Руската Црква во извештајот со кој настапи на архиерејскиот Собор, кој започна со својата работа во храмот „Христос Спасителот“, соопшти Патриархия.ru.
Повикувајќи го Преосветениот владика на парохиска работа со мирјанинот, Патријархот Кирил рече: „Световниот човек образувајќи се може да организира, на пример, социјална или младинска активност. Но, архипастирот, а по него и пастирите, треба да вдахновуваат и да ја насочат активноста кон спасението на стадото, давајќи пример како да се сведочи за Христос“.
Притоа Патријархот истакна: „Архиереот не е само администратор, кој треба да стекне дополнителни знаења за управување со повеќе парохии. Епископот пред сѐ е пастир, којшто е должен да ги повикува своите овци по име (Јован 10, 3), да ја полага својата душа за секој клирик и мирјанин, секој верен парохјанин во неговата епархија“.
Извор: Православие.ру