Во Грузија „Година на св. кралица Тамара“ (06.02.2013 14:14)
Грузискиот Патријарх Илија II во неделата соопшти дека Грузиската Православна Црква ја прогласила 2013 г. за „Година на св. кралица Тамара“.
Според неговите зборови, повеќето историчари сметаат дека овие години се навршуваат 800 години од нејзиното упокојување.
Кралицата Тамара е меѓу попочитуваните светии во Грузија. Периодот на нејзиното владеење бил најуспешен во историјата на земјата. Гробот со нејзините свети мошти не е откриен.
Извор: Светигора