Архиерејскиот Собор на РПЦ: „Новите технологии за идентификација не треба да бидат задолжителни и без алтернатива“ (08.02.2013 11:49)
Архиерејскиот Собор на Руската Црква застана зад правото на граѓаните да се откажат од новите технологии за обработка на личните податоци од кои било причини. „Црквата ги смета за недопустливи сите форми на принуда на граѓаните во користењето на електронските идентификации, автоматизираните средства за собирање, обработка на лични податоци и лична доверлива информација“, се истакнува во усвоениот документ на Соборот „Позицијата на Црквата во врска со развојот на технологиите за собирање и обработка на личните податоци“, објавен вчера на сајтот на Московската Патријаршија.
Во докумнетот се вели дека користењето на идентификатор заедно со современите технички средства ќе овозможи остварување на „тотална контрола врз човекот, без негова согласност – да се следи неговото движење, купувања, трошоци, медицински процедури, социјални бенефиции, други социјални и општесвено значајни дејства, па дури и приватноста“.
„Веќе алармираат активностите за собирање и обработка на личните податоци на децата, кои се спроведуваат во општествените установи, бидејќи неретко доаѓа до неконтролирано собирање на податоци, коишто гледаме дека не се нужни за образовниот процес“, тврди Соборот.
Според архиереите многу верници изразуваат незадоволство од задолжителното издавање на идентификационен број. Неспокој предизвикува и „засилената тенденција за собирање на биометриски податоци, а исто така и појавата на имлантирани електронски идентификациони уреди“.
Неретко народот, вклучително и православните, коишто не сакаат да го примат новиот идентификационен систем, соопштуваат, дека се „лишени од медицинската помош, пензијата и другите надоместоци... Сега тие не можат да вршат трансакции со имотот, да учат или да работат, да имаат бизнис, да плаќаат комунални услуги и да користат документи за патување. Како резултат на ова се појавува цел слој на луѓе, исфрлени од сите сфери на општествениот и државниот живот“, се вели во документот.
Црквата е убедена дека спомнатите технологии „не треба да бидат без алтернатива и принудни“. „Луѓето коишто не сакаат да ги применат, треба да имаат алтернатива – користењето на традиционалните методи за идентификација на личноста, кои денес се користат во повеќето земји под канонска одговорност на Московската Патријаршија“.
„Реализирањето на правото за достапност до социјалните придобивки без електронски документи треба да обезбеди материјални, технички, организациони и, ако е неопходно и правни гаранции. Црквата смета дека е недопустливо принудното нанесување на човековото тело на какви и да било видливи или невидливи идентификациони ознаки, имплантирање на микро и електронски уреди во телото на човекот“, вели Соборот.
Истовремено со тоа, согласноста на граѓаните да ги користат средствата за електронска контрола треба да биде спроведена со задолжително разјаснување на сите последици од донесеното решение. Граѓаните коишто сакаат да ги користат тие средства треба да имаат гарантиран пристап до информациите во електронските фајлови, како и можност да ја променат нивната сорджина. Документите, издадени од државата, не треба да содржат информации чијашто смисла и цел ќе биде скриена од сопственикот на документот, како и симболи, коишто содржат морално сомнителен карактер или, пак, ги повредуваат чувствата на верниците“, тврдат учесниците на Архиерејскиот Собор на РПЦ.
Извор: Двери.бг