На границата меѓу Русија и Украина поставен е крст по повод 1025 години од покрстувањето на Русија
 
 
 
 
 

На границата меѓу Русија и Украина поставен е крст по повод 1025 години од покрстувањето на Русија (16.02.2013 11:50)

Свеченостите посветени на 1025-годишнината од покрстувањето на Русија започнаа на 14 февруари со осветувањето на крстот за поклонение на контролниот пункт на руско-украинската граница во Белогородската област, соопштува РИА Новости.

Според зборовите на амбасадорот на Руската Федерација во Украина Михаил Зурабов, кој исто така допатува за ова отворање, заедничкото прославување на 1025-годишнината не е големо случување само во животите на православните народи на Русија, Белорусија и Украина, туку и „одговорен и сериозен настан во животот на државите“. Тој кажа дека со поствувањето на крстот започнува низата од свечености кои ќе бидат организирани на највисоко меѓународно ниво.

Крстот на руско-украинската граница е направен на молба на Федералната царинска служба. Во основата на железниот крст изобразен е ликот на св. Владимир Крстителот на Русија.

Крстот е востановен од страна на движењето „Поклони ѝ крст на Света Русија“, и ова е веќе петта ваква знаменитост. Првиот крст е подигнат на Владикавказ во 2012 година.

Извор: Светигора