Избрани се тројца митрополити за избор на Буграски Патријарх
 
 
 
 
 

Избрани се тројца митрополити за избор на Буграски Патријарх (17.02.2013 11:48)

Светиот Синод на својот сајт објави резултати за тројцата предложени Митрополити за избор на Патријарх. Објавеното, потпишано од сите членови на Светиот Синод без Западно-средноевропскиот Симеон, под претседателство на Митрополитот Кирил, гласи:

„Денес на 15 февруари 2013 г. Светиот Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија во полн состав – прот. бр. 5; согласно чл. 45 од Уставот на БПЦ-БП и чл. 40 од истиот Устав, пристапи кон избор, со тајно гласање, на трите епархиски Митрополити, како достојни кандидати да го заземат патријаршискиот престол.

После проверката на гласачките ливчиња се утврди дека со гласовите на 2/3 (9) од архиереите-членови на Светиот Синод, избрани се:

1. Старозагорскиот Митрополит Галактион – 10 гласа;

2. Русенскиот Митрополит Неофит – 9 гласа;

3. Ловчанскиот Митрополит Гавриил – 9 гласа.

Во тој избор немаа право да бидат избрани Вискокопреосветените епархиски Митрополити – синодски архиереи: Пловдивскиот Митрополит Николај, заради тоа што ја нема потребната возраст определената со чл. 40, ал. 2 од УБПЦ-БП, и Доростолскиот Митрополит Амвросиј, поради утврденото во чл. 40, ал.3 од УБПЦ-БП потребното 5-годишно служење како епархиски Митрополит.

Избраните тројца епархиски Митрополити, согласно чл.45 и чл.47 од УБПЦ-БП, добија 9 – 2/3 од гласовите на синодските архиереи, и затоа Светиот Синод смета дека се достојни за Патријаршискиот престол и ги предлага како кандидати на Патријаршискиот изборен црковен собор.“

Извор: Двери.бг