Александрискиот Патријарх во мисионерска посета на Танзанија и Бурунди
 
 
 
 
 

Александрискиот Патријарх во мисионерска посета на Танзанија и Бурунди (22.02.2013 14:36)

На 15 февруари започна мисионерската посета на Александрискиот Патријарх Теодор II на Танзанија и Бурунди, која ќе трае до 27 февруари, соопшти агенцијата Ромфеа.

Ова е втора посета на Теодор II на овој регион, во својство на Поглавар на Александриската Православна Црква. Првиот пат тој ја посети Танзанија пред седумнаесет години, кога беше во придружба на Патријархот Партениј III.

Дар ес Салам е седиште на Иринополската митрополија. Во Соборниот храм „Св. Параскева“ свештенството и верниците (меѓу кои има многу емигранти од Источна Европа) му поготвија свечен пречек на Александрискиот Патријарх.

Вечерта на 15 февруари во амбасадата на Русија во Дар ес Салам беше приреден прием во чест на Теодор II.

 

Извор: Светигора