На Рускиот православен универзитет се отвори Факутет за култура
 
 
 
 
 

На Рускиот православен универзитет се отвори Факутет за култура (22.02.2013 15:48)

На Рускиот православен универзитет се отвори Факултет за култура. Основната задача на новооснованиот Факултет е подготовка на студентите во неколку релевантни дисциплини, во рамките на пет групи: за култура, за музејски и архивски дејности, за социјално-културни дејности и туризам, за музички, театарски и филмски уметности и за ликовни и декоративно-применети уметности – архитектура и дизајн.

Факултетот обезбедува примена на образовните модуси за обука низ широкиот спектар на дисциплините, кои во себе вклучуваат изучување на културологија, етика и естетика, режија и драматургија, мултимедијални технологии, живопис и реставрација, градежни методи и дизајн.

Факултетот има во план во рамките на Универзитетот да отвори музеј на стари икони, иконописна и реставраторска работилница, како и работилница за декоративно-применета уметност. Исто така, во соработка со Факултетот за култура, на Рускиот православен универзитет во план е да се отвори културно-образовен центар „Ново подрачје“ и дебатен клуб „Под брестот“. Факултетот е заинтересиран за соработка со различни креативни тимови и автори на проекти, кои можат да придонесат за развојот на различните факултетски активности.

На Факултетот за култура се планира да се отвори образовен центар за изучување на наследството на мислителот Иван Илин, кој во еден дел ќе треба да работи на издавањето на општествено-философското списание „Руско ѕвоно“. Оваа публикација, чиј прв број излезе во декември 2012 г., ќе биде продолжение на истоименото списание „Руско ѕвоно – Списание за слободни идеи“, чиј главен уредник беше Иван Илин.

За декан на Факултетот е поставен Димитриј Александрович Илин, претседателот на добротворниот фонд „Христијанин.

 

Извор: Светигора