Ватопед додели значајна помош за загрозените во Грција
 
 
 
 
 

Ватопед додели значајна помош за загрозените во Грција (22.02.2013 15:57)

Манастирот Ватопед на Света Гора секој месец во Архиепископијата во Атина ќе праќа по 50 илјади евра, како придонес во програмата за обезбедување на бесплатни оброци.

Истовремено, манастирот ќе помага во сличните иницијативи во повеќето епархии во Грчката Православна Црква: Вероја, Неаполис, Елефтерополис, Димитриадис, Патрас, Лариса и Флорини.

Грчката Црква во речиси сите поголеми градови организираше пунктови за делење бесплатна храна. Само во Атина се отворени 73 народни кујни, кои секојдневно се посетувани од повеќе од 10 илјади луге.

Извор: Светигора