Помирување помеѓу Ерусалимската Патријаршија и Романската Патријаршија
 
 
 
 
 

Помирување помеѓу Ерусалимската Патријаршија и Романската Патријаршија (25.02.2013 15:37)

Со благослов на Неговото Блаженство Романскиот Патријарх Даниил, делегацијата на Романската Православна Црква на 20 и 21 февруари во Ерусалим се сретна со делегацијата на Ерусалимската Патријаршија, со цел да се реши проблемот околу романскиот комплекс со објекти во Ерихон, се наведува во соопштението на прес-службата на Романската Патријаршија.

После разговорот кој беше воден со братски дух и меѓусебно разбирање, постигнат е договор за романскиот комплекс, кој се користи за престој на романските поклоници во Светата Земја.

Двете делегации составија документ кој го благословија Неговото Блаженство Ерусалимскиот Патријарх Тофил и Неговото Блаженство Романскиот Патријарх Даниил, со што е оновено евхаристиското општење помеѓу двете Цркви.

Во име на Патријархот Даниил, делегацијата на Романската Патријаршија го покани Патријархот Тофил во октомври да ја посети Романија, а Патријархот Теофил со радост прифати.

Извор: Светигора