Бугарскиот Патријарх ја прими делегацијата на Руската Православна Црква (27.02.2013 16:08)
Вчера во резиденцијата на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријаршија Митрополитот Волоколамски Иларион се состана со Бугарскиот Патријарх Неофит и ерарсите – членови на Светиот Синод на Бугарската Патријаршија.
На средбата учествуваа Митрополитот Видински Дометијан, Варненскиот и Великопреславски Кирил, Американскиот Канадски и Австралиски Јосиф, Неврокопскиот Натанаил, Великотрновскиот Григориј, Пловдивскиот Николај, Доростолскиот Амвросиј, генералниот секретар на Светиот Синод на БПЦ Епископот Стобиски Наум, заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријаршија протоереј Николај Балашов, старешината на канцеларијата на РПЦ во Софија архимандрит Филип и секретарот на ОНЦВ за меѓуправославни односи протоереј Игор Јакимчук, соопшти службата за комуникации при ОНЦВ.
Од името на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, Митрополитот Иларион на Поглаварот на БПЦ му го честиташе изборот за Патријаршискиот престол и го покани да ја посети РПЦ.
Во разговорот кој траеше час и половина епископите разговараа за перспективите на соработка меѓу Руската и Бугарската Православна Црква во различни сфери, вклучитело и за религиозното образование, размената на студенти, изградбата на храмови, поклоничките патувања, како и за теми поврзани со современата состојба на општоправославната соработка и меѓухристијанскиот дијалог.
На крајот од средбата, претседателот на ОНЦВ на Бугарскиот Патријарх Неофит му подари примерок од својата книга „Православие“.