Академијата „Св. Владимир“ од Њујорк започна соработка со Романската Партијаршија
 
 
 
 
 

Академијата „Св. Владимир“ од Њујорк започна соработка со Романската Партијаршија (05.03.2013 12:13)

На покана на Високопреосветениот Николај, Американскиот Архиепископ на Романската Патријаршија, протереј Џон Бер, декан на Православната богословска академија „Св. Владимир“ во Њујорк, допатува во Букурешт за потпишување на договор за соработка со Православниот богословски факултет во Букурешт. Неговата посета започна во Неделата на митарот и фарисејот, кога служеше Литургија во Патријаршискиот храм „Св. Константин и Елена“.

Истиот ден, попладнето, Неговото Блаженство Романскиот Патријарх Даниил ги прими о. Џон и Архиепископот Николај во својата резиденција. Домаќинот, во оваа прилика, на гостинот од Америка му подари граден крст, а о. Џон нему му поклони икона од св. Владимир и повеќе книги во издание на Акедемијата, изразувајќи му благодарност на Патријархот за неговиот благослов за заедничкиот проект на богословските образовни институции од Њујорк и Букурешт.

„Ме радува што нашите планови за партнерство со школите од странство донесе плодови“, рече о. Џон, „преку оваа соработка ќе можеме поефикасно да им служиме на Православните Цркви во САД, збогатувајќи го составот на нашите студенти, и ќе поставиме основа за долгорочен дијалог со боголсовските школи од странство“. Договорот со Богословскиот факултет во Букурешт е втор кој Академијата „Св. Владимир“ го склучи оваа зима. Претходно, на 12 февруари 2013, потпишан е договор со Универзитетот во Белград за отварање Српска академска куќа при Академијата.

„Православната вера во САД е стара два века. Има православни од целиот свет, од Романија, Русија, Бугарија, Србија, Блискиот Исток, и сите живееме заедно“, рече о. Џон, „во тој живот помеѓу различни нации, традиции и култури, ние имаме посебно место кое го охрабрува искуството на православната вера“.

„Сите сме поклоници во овој свет, како што рекол еден од Отците на вториот век“, додаде ректорот на њујоршката Академија, „истиот овој ранохристијанин му пратил писмо на Диоген во кој за христијаните вели: ‘Секоја странска земја ним им е татковина и секоја татковина ним им е странска земја’. Јас сум во туѓа земја, но се чувствувам како да сум дома, во својата земја“.

Извор: Светигора