Православен свештеник стана светски шампион во кревање тегови
 
 
 
 
 

Православен свештеник стана светски шампион во кревање тегови (05.03.2013 12:19)

Православниот свештеник од селото Црвеноармејско во Болградскиот реон на Одеската област (Украина), отец Виктор Кочмар, стана светски шампион во кревање тегови во Лас Вегас во категоријата над 125 кг и старосна граница над 40 години.

Во хотелот „Ривиера“ се натпреваруваа повеќе од илјада атлетичари од целиот свет. Отец Виктор подигна тегови од 220 кг и стана шампион.

Потсетуваме дека талентираниот атлета патот во големиот спорт го започна на турнирот „Патар Митаки“. До тогаш свештеникот дваесет години се занимавал со кревање тегови за своја душа. Неговиот настап на турнирот „Петар Митаки“ во спортскиот клуб „Дунаец“ беше сензација во спортскиот свет.

Извор: Светигора