Рускиот Патријарх Кирил отслужи Божествена Литургија по повод 400-годишнината на династијата Романови (09.03.2013 13:06)
На 6 март 2013 г., на 400-годишнината од изборот на Михаил Фјодорович Романов за цар, Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил отслужи Божествена Литургија во Успенскиот храм во Кремљ.
На Неговата Светост му сослужуваа голем број епископи и московскиот клир.
На богослужбата беа присутни: претседателот на Рускиот императорски дом кнегињката Марија Владимировна, праправнукот на царот Александар III П.Е. Куликовски и лидерот на Руското благородничко собрание кнезот Г. Гагарин.
На Литургијата беа вознесени молитви за спокој на душите на благоверните кнезови и кнегињки, цареви и царици, и сите поранешни владетели кои со непорочна вера и грижливо, во согласност со христијанскиот закон, упавувале со Русија.
После Литургијата се отслужи молебен за царските маченици Николај II и членовите на неговото семејство.
Неговата Светост се обрати кон присутните со пригодна беседа, а потоа литијата тргна кон Архангелскиот храм, кој е почивалиште на многу руски владетели, меѓу кои и Романови, каде се отслужи помен, соопшти прес-службата на Московскиот Патријарх.
Извор: Светигора