Пет години од упокојувањето на Митрополитот Лавр
 
 
 
 
 

Пет години од упокојувањето на Митрополитот Лавр (27.03.2013 12:48)

Како што соопштува сајтот на манастирот Света Троица во Џорданвил, во саботата на 16 март, Поглаварот на Руската Задгранична Црква Митрополитот Источноамерикански и Њујоршки Иларион отслужи Света Литургија во спомен на блаженопочинатиот Митрополит Лавр, неговиот претходник на чело на Руската Задгранична Црква, кој се упокои на 16 март 2008 г.

Митрополитот Лавр е роден на 1 јануари 1928 г. во селото Ладомиров во Чехословачка. На 12 години дошол во локалниот манастир Св. Јов Почаевски. Во текот на Втората светска војна  со браќата дошол во Џорданвил во американската држава Њујорк, каде го поминал остатокот од својот земен живот. Од 1975 г. до својата смрт во 2008 служел како игумен на братството. Во 1967 е востоличен за епископ на Менхетен, а во октомври 2001 е избран за Поглавар на Русата Задгранична Црква.

Митрополитот Лавр, заедно со Московскиот Патријарх и на цела Русија Алексеј, е најзаслужен за воспоставувањето на канонското општење помеѓу Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква во мај 2007 г.

Извор: Светигора