Во Мадрид беа осветени камбаните за храмот „Св. Марија Магдалена“ (29.03.2013 10:35)
На 19 март во Мадрид беа осветени камбаните за храмот кој се гради во име на светата рамноапостолна Марија Магдалена. Тринаесетте ѕвона, со вкупна тежина од 3600 кг, се излиени во московската фабрика „Литекс“.
Чинот на осветување го изврши старешината на храмот во изградба Андреј Кордочкин, во присуство на парохјаните и гостите, меѓу кои беше и претседателот на Рускиот центар за наука и култура во Шпанија Е.А.Соколов.
„Храмот се гради не само за оние што ќе се молат во неговата внатрешност, туку и како доказ за оние што се надвор од храмот и Црквата. Денес се молиме за звукот на камбаните да одекнува во нивните срца, како повик на богоопштење и духовен подвиг“, рече отец Андреј во беседата.
Во план е изградбата, која се одвива со помош на добротворниот фонд „Трансојуз“, да заврши до крајот на април. Богослужбите за Страдалната седмица и Воскресението би требало да се служат во новиот храм, информира сајтот на Корсуњската епархија.
Извор: Светигора