Сеправославна Вечерна во Лондон
 
 
 
 
 

Сеправославна Вечерна во Лондон (29.03.2013 10:39)

На 24 март во Неделата на Православието, во Лондон се отслужи традиционалната Сеправославна Вечерна. Црковните песни беа пеени на: грчки, арапски, црковнословенски, грузиски, романски и англиски јазик, пишува сајтот на Сурошката епархија.

Во согласност со востановениот ред, оваа година Вечарната се отслужи во храмот Софија, Божјата Премудрост (Константинополска Патријаршија). Во богослужбата учествуваа: Архиепископот Фиатирски Григориј (Константинополска Патријаршија), Архиепископот Сурошки Елисеј (Московска Патријаршија), Епископот Скандинавски и Великобритански Доситеј (Српска Патријаршија), Архиепископот Керчерски Анатолиј викар на Сурошката епархија (Московска Патријаршија), Епископот Тропејски Атанасиј викар на Фиатрирската Архиепископија (Константинополска Патријаршија). На богослужбата се учествуваа и клириците од Константинополската, Антиохиската, Руската, Грузиската, Српската, Романската и Бугарската Православна Црква.

Беседеше протоереј Григориј Халам, претставник на Антиохиската Православна Црква за Велика Британија и Ирска.

По богослужбата, со традиционално грчко гостопримство, сите присутни се собраа на посната трпеза.