Московската Патријаршија: „Сеправославниот Собор не е на повидок“ (29.03.2013 10:42)
Митрополитот Волоколамски Иларион Алфеев изјави дека во врска со свикувањето на Сеправославниот Собор постојат различни мислења помеѓу Црквите. Некои се за тоа тој што поскоро да се свика, додека за другите сѐ уште е рано за него.
Руската Црква, истакнува Митрополитот, ова прашање го разгледувала на неодамнешниот Архиерејски Собор, кој се одржа од 2 до 5 февруари 2013 г. Тогаш е константирано дека тој треба да се одржи пред „сестраното квалитетно помирување“, не прецизирајќи што тоа значи.
Руските црковни кругови велат дека не може да се очекува овој Собор да се одржи наскоро, затоа што разликите по прашањата кои треба да се разгледаат се големи. За решавањето на двете последни, од десетте прашања „нема решение“. Станува збор за темите автономија/автокефалност на Црквите и диптих/редослед на Црквите. Москва смета дека и осумте претходни прашања треба повторно да се разгледаат затоа што решенијата за дел од нив веќе не се „актуелни“, зашто одамна се донесени.
Освен тоа, тешко ќе дојде до согласност околу тоа кој на тој Собор треба да учествува – сите православни канонски епископи во светот, тогаш Московската Патријаршија би била најдоминантна бидејќи ги има оклолу 250. Ако би учествувале Поглаварите со делегациите, прашање е дали и малите Цркви би требало да имаат ист број на претставници како поголемите.
Едно од најтешките прашања за подготовката, се истакнува во Москва, е начинот на одлучување на Соборот – едногласно (консензус), како што го бара Москва, или мнозински, како што сака Цариград со грчкиот блок на Цркви.
Извор: Светигора