Барак Обама го посети храмот на Христовото Рождество во Витлеем (30.03.2013 18:03)
За време на посетата на Израел, на 22 март, претседателот на САД Барак Обама го посети храмот на Христовото Рождество во Витлеем, каде беше примен од Ерусалимскиот Патријарх Теофил III. Поглаварот на Ерусалимската Православна Црква го прошета претседателот низ древната базилика. Претседателот на САД во храмот запали две свеќи – една за себе и една за своето семејство.
Обама беше во придружба на министерот за надворешни работи на САД Џон Кери и лидерот на Палестинската автономија Махмуд Абас, соопштува Седмитца.RU, повикувајќи се на агенциите „Амен“ и „Ромфеа“.