Во Солун беше отслужена света Василиева Литургија на словенски јазик
 
 
 
 
 

Во Солун беше отслужена света Василиева Литургија на словенски јазик (03.04.2013 15:29)

По покана на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Неаполски и Ставруполски г. Варнава (западен Солун), словенскиот хор „Свв. Кирил и Методиј“ пееше на светата Василиева Литургија на словенски јазик. 

Литургијата беше отслужена од митрополитот Варнава заедно со духовенството при храмот на свети Георгиј Победоносец во Солунската населба Калохори. Учество на певницата зедоа студентите богослови при Солунскиот Богословски Факултет – Орлин Јанчев (диригент), Антонио Лазески, Виктор Недески, Иван Јорданов, Велислав Карастојчев, Даниел Цеков – певци и исон - Александар Трошанов, Александар Димоски и Никола Костиќ (секретар на хорот).

Сите членови на хорот ја искажуваат својата благодарност на игуменот на Зографската света обител, архимандрит Амвросиј, со чиј благослов момчињата од хорот се собираат два пати седмично за проби во училиштето во Солун, кое се наоѓа под јурисдикција на Зографскиот манастир.