Грчкиот олимпиец го исполни ветувањето
 
 
 
 
 

Грчкиот олимпиец го исполни ветувањето (04.04.2013 20:57)

Грчкиот џудист Илијас Илијадис го исполни ветувањето дека својот олимписки медал ќе Ѝ го даде на Пресвета Богородица на Света Гора. На 27 март тој го посети манастирот Ватопед и, после средбата со архимандритот Ефрем, медалот го остави пред чудотворната икона на Божјата Мајка „Утешителка“, една од најголемите светии на оваа светогорска заедница.

Кога Илијадис на Летните олимписки игри 2012 во Лондон освои бронза, на прашањето на грчките репортери, кому му го посветува медалот, тој одговори: „Прво го посветувам на Бог, а потоа на сите Грци“, за да додаде, „Фала Му на Бога! Овој медал оди на Света Гора“.

Илијадис моментално се подготвува за учество на Европското првенство во Будимпешта, кое ќе се одржи од 25 до 27 април 2013.

 

 

 

Извор: Светигора