Православното свештенство во Тајланд ќе го учи локалниот јазик
 
 
 
 
 

Православното свештенство во Тајланд ќе го учи локалниот јазик (07.04.2013 13:25)

Архимандритот Олег, претставник на Руската Православна Црква во Тајланд, го повика свештенството и вработените во сите парохии во земјата, до крајот на годината да завршат курс по тајландски јазик.

Покрај ова, ќе бидат организирани и предавања за историјата, културата и законот, како и за будизмот, националната религија во Тајланд, на која ѝ припаѓаат околу 85% од жителите.

Оваа одлука е донесена со цел да се подобри нивото на мисионерската и пастирската работа, и прилагодувањето на локалните услови за живот. „Нивото на знаење на тајландскиот јазик ќе биде значаен показател за активностите на оние кои го извршуваат своето послушание во оваа земја“, рече архимандрит Олег.

Извор: Светигора