Ватопед го одбележа својот празник
 
 
 
 
 

Ватопед го одбележа својот празник (12.04.2013 21:55)

Познатиот светогорски манастир Ватопед го одбележа својот празник – Благовештение.

Свечената богослужба беше возоглавена од Митрополитот Глифадски Павле. Нему му сослужуваше игуменот на Хиландар архимандрит Методиј, следејќи ја осумвековната традиција според која, игумените на двата манастири треба заедно да присуствуваат на празниците на своите заедници.

Вечерна служеа Митрополитот Касандриски Никодим и Епископот Лвовски и Галицки Филарет.

На Божествената Литургија присуствуваа гувернерот на Света Гора Аристос Касмироглу и игумените на манстирите Ксенофонст и Пантократор архимандритите Алексеј и Гаврил.

 

 

Фотографии: vatopaidi.wordpress.com