Поглаварот на Православната Црква во Чешка и Словачка отиде во пензија
 
 
 
 
 

Поглаварот на Православната Црква во Чешка и Словачка отиде во пензија (17.04.2013 14:49)

На 12 април 2013 г. во Московската Патријаршија пристигна официјално соопштение од седницата на Светиот Синод на Православната Црква во Чешка и Словачка.

Во соопштението се вели дека на седницата Неговото Блаженство Архиепископот на Прага и Митрополит на Чешка и Словачка Христофор побарал разрешување од должноста. Барањето било одобрено.

На Неговото Блаженство му била доделена титулата почесен Архиепископ на Прага и Митрополит на Чешка и Словачка со место на живеење во манастирот „Преображение Господово“ во Тешово.

За местобљустител на поглаварскиот престол е избран најстариот архипастир на Православната Црква во Чешка и Словачка Архиепископот Оломоуцки и Брненски Симеон.

 

Извор: Светигора