Простор за слава на Бога
 
 
 
 
 

Простор за слава на Бога (18.04.2013 10:12)

- Вие ги испраќате космонаутуте во вселената?

- Да, тие обично, пред да отпатуваат, доаѓаат во Троица-Сергеевата лавра; се поклонуваат на моштите на преп. Сергеј Радонењешки, потоа ние служиме молебен, јас ги попрскувам со осветена вода и на сите за по пат им давам триптих со иконите на Божјата Мајка и Спасителот, како и мало Евангелие... Ако тие не сакаат да се исповедаат и причестат, непосредно пред летот, јас останувам во лаврата и се молам за нив, успешно да стигнат во вселенската станица.

- Како се случи вие да им бидете духовник на космонаутите?

- ... Случајност нема... едноставно Божја промисла. Не затоа што јас сум толку добар и умен. Едноставно Бог така сакал. Тоа е мојот крст и јас сум должен да го носам... Но треба да кажам дека вселената ме интересираше уште од детството. И откако се замонашив не го оставив своето хоби: во келијата имам телескоп и карти со ѕвезденото небо... Космонаутите почнаа почесто да доѓаат во лаврата. Ние разговаравме на секакви теми... потоа, почнавме да зборуваме и за духовни работи. И така од 2007 г. јас почнав да го испраќам секој екипаж што леташе во вселената.

- Да, но на Земјата човекот може да оди во храмот, да се исповеда, причестува, космонаутите, пак, во вселенската станица се лишени од тоа. Како влијае тоа на оние што редовно им пристапуваат на Тајните кога се на Земјата, или во вселената немало такви луѓе?

- Да, тоа им паѓа тешко. Но тие се молат... Иако немаат можности како на Земјата, тие се молат, бараат помош, благослови, а тоа ги покрива со благодат, Господ се грижи за оние космонаути кои Му се обраќаат... Имало случаи кога во орбитата летал човек неверник, а откако ја видел целата убавина на вселената, сфатил дека сето тоа не е дело на хаосот, туку дело на раката на мудриот Творец.

- Отец Јов, дали вие, како духовен отец на космонаутите, имате некое официјално работно време?

- Всушност, ми понудија да влезам во државната група која лета во безвоздушен простор и да учествувам во обуката. Но јас одбив. Тука во манастирот побарав совет и заклучив дека јас не можам постојано да летам, поради богослужбите. Сепак имам многу обврски. Но, кога е  неопходно, јас секогаш летам. Кога момчињата ќе постават прашање, јас треба да дадам сигурен одговор.

- Чива беше иницијативата – мошите на преп. Сергеј да одат во орбитата?

- Моја. Сфатив дека и во древните времиња, и руски и грчки, и сите православни народи правеле литии околу селата, градовите. Ние, пак, имавме чест да направиме литија околу Земјата!

- Кои сѐ свети угодници биле во вселената?

- Великомачениците Теодор Стратилат и Теодор Тирон, св. Николај Чудотворец, св. Петар Московски, св. Филип Московски, св. Атанасиј (Сахаров). Со Максим Суарев во орбитата беше честица од Господовиот Крст. Јас се надевам дека традицијата ќе продолжи. Наскоро, ако даде Бог, ќе оди и св. Георгиј Победоносец!

Извор: Православие.ру