Во Сирија е киднапиран православен архиереј
 
 
 
 
 

Во Сирија е киднапиран православен архиереј (29.04.2013 10:18)

Како што соопштува сајтот на Северноамериканската Архиепископија на Антиохиската Патријаршија, како и многубројни новински агенции, во текот на ноќните часови на 22 април 2013 г., киднапирани се Алепскиот Митрополит Павле (Јазиги) на Антиохиската Патријаршија и Мар Григориј Јохана Ибрахим – Алепски Митрополит на Сириската (Дохалкидонска) Црква, додека нивниот возач е убиен на самото место.

Нападот се случил во предградието на сирискиот град Алепа, во кој архиереите се враќале од Антиохија (денешна Антакија во Турција).

Митрополитот Павле е роден брат на Антиохискиот Патријарх Јован X.

 

Извор: Светигора