Слезе Благодатниот оган (04.05.2013 19:20)
Во текот на богослужбата во ерусалимскиот храм на Господовиот Гроб слезе Благодатниот оган, кој ја симболизира незоздадената Светлина на Христовото Воскресение.
Благодатниот оган слезе во 14:15 минути по локано време, соопшти новинар на „Правмир“ од Ерусалим.
Десет илјади луѓе присуствуваа на едно од најголемите чуда во Православието. Богослужбата, традицинално, ја пренесуваа многу телевизии, а беше пренесувана и на интернет.
Извор: Светигора