Обама, во велигденската честитка, укажа на прогонот на православните христијани
 
 
 
 
 

Обама, во велигденската честитка, укажа на прогонот на православните христијани (04.05.2013 11:49)

Американскиот претседател Барак Обама испрати честитка до православните христијани низ светот, во која предупредува на прогонот на православните во повеќе земји во Блискиот Исток.

- За милиони православни христијани ова е радосен празник, но и потсетник на жртвите кои Исус ги направи за да имаме вечен живот. Неговата одлука да одбере љубов, соочен со омраза, надеж соочен со очај, е пример кој секогаш треба да го следиме. Но, еднакво важно е да запомниме дека оваа година членови на православната заедница се соочени со прогонство и насилство, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка. Со децении овој дел на светот беше збогатен со присуството на православните заедници во земји како Египет, Либан, Сирија и Ирак.

- Како нација, ние ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата на универзалните човечки права, како што е правото на вероисповед, пишува во велигденската порака на Обама.

 

Извор: iipdigital.usembassy.gov