Воскресна порака од Патријархот Кирил (05.05.2013 12:50)
Рускиот Патријарх ги повика сите православни верници да ја поделат радоста која ја донесува Воскресението со сите на кои им е потребна помош. „Да ја поделиме радоста на нашиот воскреснат Спасител со сите оние на кои им се потребно внимание и грижа: со болните, старите, оние кои страдаат и кои се обесхрабрени, оние кои се затворени и оние кои се без средства или кров над главата“, нагласи Рускиот Патријарх во воскресната порака, пренесува Итар-Тас. Тој рече дека живееме во време кога „често се мисли дека слободата значи морален хаос“ и дека многумина искрено веруваат дека само моќта и богатството, здравјето и физичката сила донесуваат ослободување. Патријархот Кирил рече дека „во натпреварувањето за служење на идолите од овој свет, често не се успева во она што е најважно, во постигнувањето на вистинската цел на животот“, која е, како што вели, во „спознавањето на Вистината и животот со Бога“. „Господовата победа над смртта ни дава цврста надеж дека следејќи го во Второто величествено доаѓање, ние повторно се издигнуваме во нов живот – живот на постојана заедница со Бога“, истакна Рускиот Патријарх воочи Христовото Воскресение. |
Извор: Светигора