Патријархот Вартоломеј за Велигден служеше во своето родно место (09.05.2013 17:01)
Неговата Светост Патријархот Константинополски Вартоломеј за првпат служеше воскресна Литургија во своето родно место на островот Имврос. На Литургијата, која беше отслужена во црквата Пресвета Богородица, присуствуваа генералниот конзул на Грција во Турција Николас Матиудакис, како и свештенството и верниот народ од повеќе земји. Воскресна Литургија во Фанар, седиштето на Патријаршијата, служеше викарот на Патријархот, Калуполискиот Митрополит Стефан. |
Извор: Светигора