Зајакнати мерките за безбедност околу Вселенската патријаршија (11.05.2013 10:19)
По шпекулациите дека се подготвува атентат на екуменскиот патријарх Вартоломеј Први, турските власти ги зајакнаа мерките за безбедност околу Вселенската патријаршија во Истанбул, пренесуваат западните медиуми.
Според неофицијални извештаи на медиумите, полицијата за кусо време притворила едно лице врз основа на дојава за планирано убиство на цариградскиот патријарх.
Весникот „Хабертурк“ објави дека истражните судии во Анкара ја истражуваа наводната завера.
Засега ниту полицијата, а ниту канцеларијата на истражниот судија не сакала да ги коментира овие наводи.
Извор: 24Вести