Историска посета: Патријархот Кирил во Кина
 
 
 
 
 

Историска посета: Патријархот Кирил во Кина (13.05.2013 09:46)

Започна посетата на Поглаварот на Руската Православна Црква на Кина. Денес оваа посета ја нарекуваат историска. Посетата на Московскиот Патријарх се одвива на поканата на кинеските власти и е прва од ваков вид во целата историја од постоењето на РПЦ.

 Пекинг, Шангај, Харбин – таква е маршрутата на Патријархот Кирил. Помеѓу останатото, тоа е сосем оправдано, бидејќи токму од овие градови, во Кина пред 300 години, започнало ширењето на Православието.

Пастирската дејност на Руската Црква во Кина започнала во 17 век, кога во Пекинг пристигнал рускиот свештеник Максим Леонтјев. Во 1713 год. била отворена Руската духовна мисија. Со трудот на руските мисионери Православието многу брзо навлегло во кинеската средина. Од 18 век, па сѐ до 1917 год. Руската Црква основала над стотина православни центри, била направена единствената руска синологија – збир од науки кои ја проучувале историјата, економијата, политиката, философијата, јазикот, литературата, културата на древната и современа Кина. Благодарејќи на тоа, во средината на минатиот век во Кина имало многу православни верници со свој национален клир. Во 20-тите години на минатиот век била формирана и Пекиншката епархија при РПЦ, а триесет години подоцна Кинеската Православна Црква добила автокефалност од Московката Патријаршија.

 Сепак, набрзо, за црковниот живот во Кина настапиле тешки времиња. Во 1945 год. Руската духовна мисија во Кина била укината. Последниот Поглавар на Кинеската Црква умрел во 1962 год. Од тогаш во Кина нема Поглавар на Православната Црква, вели старешината на црквата „Св. ап. Петар и Павле“ во Хонгконг, протоереј Дионосиј Поздњаев.

Тоа наследство потекнува од прилично тежок историски период, периодот на културната револуција и комлицираните односи помеѓу Русија и Кина, кои беа прекинати во 70-тите години на минатиот век. На крајот дојде до тоа Кинеската Православна Црква речиси и да ја изгуби својата институционална структура, ги изгуби ерарсите и клирот. Сепак, Руската Црква никогаш не ги напушти своите кинески браќа по вера. Во 2000 год. во Хонгконг, сега специјален админстративен регион во Кина, беше обновена парохијата на св. ап. Петар и Павле, во 2007 се отвори центар за учење, а две години подоцна во Пекинг, на територијата на Руската амбасада беше осветена една од двете православни цркви во градот. Тоа е црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која била изградена уште во средината на 19 век на бившата територија на Руската духовна мисија во Кина“, изјави за „Гласот на Русија“ раководителот на Управата за установи во странство при Московската Патријаршија Архиепископот Јегорјевски Марко.

 „Оваа црква била онаа во која постојано се богослужело за соработниците на Руската духовна мисија. За жал, во времето на кризните години таа била речиси разрушена. Во 50-тите години на минатиот век покрај црквата се наоѓале простории и работилници, како и гаражи кои ја нагрдувале неколку години. Руската Православна Црква со голем напор успеала црквата конечно да го добие достојниот изглед и намена.“

 Во февруари оваа година на седницата на Светиот Синод на РПЦ било усвоено дека Кина како и Јапонија се дел од канонската територија на Московската Патријаршија. Отец Дионисиј е уверен дека посетата на Поглаварот на Руската Црква ќе ја подобри религиозната политика во земјата и ќе го зацврсти Православието во регионот.

 

Извор: Патриархиа.ру