Патријархот Вартоломеј: „Се чувствуваме сигурни“
 
 
 
 
 

Патријархот Вартоломеј: „Се чувствуваме сигурни“ (13.05.2013 09:45)

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ја изрази својата целосна доверба во Божјата промисла, но и во турските сили за безбедност, кои му обезбедуваат деноноќна заштита. Тој ја даде таа изјава поради натписите во турските медиуми дека е спречен обид за негов атентат на 29 мај, кога се одбележуваат 560 години од падот на Константинопол под турска власт. Патријархот Вартоломеј изјави дека не направил никакви измени во својата програма која предвидува посета на Едрене: „Пред сѐ, се доверувам на Божјата закрила, а потоа на силите за безбедност на државата, кои ги преземаа сите неопходни мерки. Затоа не се плашам“. Во петокот во Турција беше уапсен еден човек, а уште двајца се бараат по соопштението од турскиот обвинител дека се подготвува атентат врз Патријархот Вартоломеј.

 

Извор: Двери.бг