Локалните совети во Грузија за Велигден ослободија 114 затвореници
 
 
 
 
 

Локалните совети во Грузија за Велигден ослободија 114 затвореници (14.05.2013 16:50)

Во Грузија продолжува бранот на амнестија и помилување затвореници. Според  одлуката на Комисијата за помилување, за ослободување и намалување на казните на 80 затвореници, беа вклучени и месните совети.

Воочи Христовото Воскресение се одржаа седници на месните совети на кои беа разгледани околу 1000 молби од осудените.

Според решението на локалните совети, ослободени се 114 затвореници, од кои 17 жени и 18 тешко болни.

Како што изјавил првиот заменик министер Гига Гиоргадзе, им бил даден приоритет на оние кои биле позитивно оценети од администацијата на институциите.

Извор: Православие.ру