На Велиденскиот фестивал во Тбилиси одекнаа музичките дела на Патријархот Илија II (14.05.2013 16:52)
Од
7 до 12 мај во Големата сала на Тбилискиот државен конзерваториум „Вано
Сараджишвили“ се одржа дел од фестивалот „Од Пасха до Вознесение“. Како што
соопшти на прес-конференцијата раководителот на Фондацијата на Патријархот на
Грузија, фестивалот е посветен на 80-те години и 35-годишнината од
интронизацијата на Патријархот на цела Грузија Илија II. Уметнички
директор на фестивалот е грузискиот пијанист Александар Корсантиј, кој работи во
САД, а настапуваат познати музички уметници. На
торжествената церемонија при отворањето на фестивалот имаше презентација на
нотниот зборник со дела создадени од Грузискиот Патриарх, а на 12 мај, можеше да
се чуе едно од последните музички дела на Патријархот Илија II - TE
DEUM. Освен
во Тбилиси, главниот град на Грузија, во рамките на фестивалот ќе има концерти и
во Никозија - 14 мај, во Ахмета - 31 мај, во Озургети - 11 јуни. На 13 јуни
Батуми ќе биде домаќин на затворањето на фестивалот, соопшти „Благовест-инфо“. |