Во светогорскиот Зограф се одбележа празникот на манастирот (15.05.2013 10:20)
На 9 мај 2013 г. во светогорскиот манастир Зограф се одбележа празникот на манастирот – денот во спомен на св. вмч. Георгиј Победоносец. Оваа година според одлуката на Духовниот собор на Зографскиот манастир празникот беше префрлен од понеделник во четврток од Светлата седмица.
На покана на Светата Епистасија на Света Гора и Варненскиот и Великопреславски Митрополит Кирил, како претставник на делегацијата на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, во празнувањето учествуваше претставникот на Московската Патријаршија и на цела Русија во Бугарската Патријаршија, старешината на Патријаршискиот оддел во Софија, архимандрит Филип (Василцев) и секретарот јеромонах Зотик (Гаевскиј).
Ноќта, воочи празникот, беше отслужена Мала вечерна. Потоа според светогорската традиција се отслужи Сеноќно бдение со Божествена Литургија.
Литургијата беше возоглавена од Варненскиот и Великопреславски Митрополит Кирил, а му сослужуваа игуменот на Зографскиот манастир архимандрит Амвросиј, претставникот на Московската Патријаршија во Софија архимандрит Филип, претставниците од другите светогорски манастири и браќата свештеници од Зографскиот манастир.
На Божествената Литургија беа присутни и премиерот на Бугарија Марин Рајков, министерот за култура на Бугарија Владимир Пенев и министерот за транспорт, информациски технологии и врски Кристијан Кристев. Според традицијата премиерот го прочита Симболот на верата.
Во празнувањето по повод празникот на манастирот Зограф учествуваа и неколку стотина поклоници од Бугарија, Грција, Русија, Македонија и други земји.
Извор: Православие.ру