На територијата на европска Турција се освети православен храм (17.05.2013 10:05)
На 11 мај Константинополскиот Патријарх Вартоломеј изврши чин на „отворање на дверите“ на црквата „Св. Јован Претеча“ во Узунќупру (Макра-Ефира), во провинцијата Едирне (византиски Адрианопол).
90 години откако грчкото население го напушти Макра-Ефира, како резултат на размената на население помеѓу Грција и Турција, напуштениот храм беше реновиран по иницијатива на локалните жители.
По водоосветувањето Патријархот Вартоломеј изврши чин на петолебие спомнувајќи ги упокоените ктитори на храмот и сите христијани кои живеат во Макра-Ефира. На овој настан присуствуваа Дидимотихискиот, Орестиадскиот и Суфлиски Митрополит Дамаскин, илјадници поклоници од Западна Тракија (во составот на Грција), населен со потомци на грчки бегалци, соопшти „Седмица.ru“, повикувајќи се на „Амен“ и „Ромфеа“.