Во Цариград се одржа семинар по повод јубилејот од Миланскиот едикт (27.05.2013 13:54)
Верските слободи денес – Миланскиот едикт на царот Константин: 1700 години подоцна
Во петокот, 17 мај 2013 г., на меѓународниот меѓурелигиски еднодневен семинар во хотелот „Конрад“ во Истанбул, Вселенската Патријаршија во соработка со Советот на европските бискупски конференции ја одбележа 1700-годишнината од Миланскиот едикт на царот Константин Велики. Само неколку дена пред прославата на празникот посветен на св. Константин и Елена по новиот календар, во градот што го основа цар Константин и по кој истиот го доби името, се одржа семинар под покровителство на Редот на св. ап. Андреј.
Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го отвори семинарот со воведен говор, а исто така, следниот ден организираше и поклоничко патување со учесниците на семинарот до местото на упокојувањето на св. цар Константин во Никомидија. Во Неделата на мироносиците, во светиот манастир на Живототворниот извор во денешено Барукли, Светата Литургија беше возоглавена од Патријархот Вартоломеј.
Во текот на викендот, во работата на семинарот учествуваа претставници на Помесните Православни Цркви како: Неговото Блаженство Грузискиот Патријах Илија II и великодостојници од Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Руската, Српската, Романската, Бугарската, Грузиската, Кипарската, Грчката, Полската и Албанската Црква.
Извор: Светигора