Рускиот Патријарх Кирил во посета на Света Гора
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил во посета на Света Гора (07.06.2013 12:41)

На 4 јули 2013 г. Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил пристигна на  Света Гора. Тој беше придружуван од претседателот на Одделот за надворешни црковни врски Волколамскиот Митрополит Иларион, раководителот на Административниот оддел при Московската Патријаршија Солнечногорскиот Епископ Сергеј и схи-архимандритот Илија (Ноздрин), пишува Службата за комуникаци при ОНЦВ.

Поглаварот на Руската Православна Црква на пристаништето Дафни беше пречекан од  гувернерот на Света Гора Аристос Казмироглу.

Тој посети неколку манастири и скитови, се поклони на нивните светињи, отслужи Божествена Литургија во манастирот Св. Пантелејмон и го освети храмот посветен на св. благоверни руски владетели, а се сретна и со членови на Светата Епистасија.

На 3 јуни пак, ден претходно, во резиденцијата на Светиот Синод на Грчката Црква, тој се сретна со Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним и со членови на Синодот и Комисијата за меѓуправославни и меѓухристијански врски.

Неговото Блаженство Архиепископот Иероним се заблагодари за посетата со зборовите: „Во овие судбоносни времиња се зголемува нашата одговорност, а соработката меѓу нашите Цркви може да донесе плодови... Вашата помош во изминативе години е доказ за силните братски врски“.

Неговата Светост Патријархот Кирил меѓу другото се осврна на ситуацијата на Блискиот Исток, истакнувајќи ја добропознатата состојба во која се наоѓаат христијаните во тој регион. На средбата, исто така, се разговараше и за билатералната и меѓуправославната соработка, како сведок за христијанските вредности во современиот свет. А во текот на разговорот, Поглаварот на Руската Црква спомна и за јубилејот што се одбележува оваа година – 1025-годишнината од покрстувањето на Русија.

 

Извор: Православие.ру