Смена на раководството на Света Гора
 
 
 
 
 

Смена на раководството на Света Гора (14.06.2013 12:29)

Денес (или 1 јуни по стар стил, според кој се раководи Света Гора) во Кареја ќе се изврши официјалното предавање на надлежностите на новата Света Епистасија („Свет надзор“ -извршен орган) на Света Гора, соопштува Ромфеја. Според статутот на монашката република следната година на чело на Епистасијата ќе биде претставник од српскиот манастир Хиландар. Меѓу поважните настани кои новата Света Епистасија ќе треба да ги организира е прославата, следниот октомври, на 100-годишнината од присоединувањето на Света Гора кон Грција (полуостровот Атос е ослободен од турското ропство заедно со Северна Грција во 1913 г.).

Хиландарскиот манастир ќе ја замени Иверската Епистасија во чиј период на управување беше одбележана свеченоста по повод ослободувањето на Света Гора од турската власт, изнесувањето на чудотворната икона „Достојно е“ во Солун и чудото со гаснењето на пожарот на Света Гора, минатиот август.

Светата Епистасија има извршна власт во монашката република и се состои од четири претставници на светогорските манастири, кои се дел од петте групи од по четири манастири. Првите пет манастири во хиерархијата се: Великата Лавра, Ватопед, Иверскиот манастир, Хиландар и Дионисијат. Задолженијата на секоја Света Епистасија започнуваат од 1/14 јуни и траат една година.

Извор: dveri.bg