Руската Црква ги повикува верниците посмртно да ги донираат своите органи
 
 
 
 
 

Руската Црква ги повикува верниците посмртно да ги донираат своите органи (19.06.2013 12:14)

Руската Православна Црква објави официјален став во врска со проектот за федералниот закон за донирање органи. Тој беше објавен на официјалниот сајт на Московката Патријаршија. Во него Руската Црква предлага во законот да биде ставена презумпција за несогласувањето на починатиот да биде донатор, за да не се наруши принципот за слобода на жртвата, што е појава при дарувањето на органи. За сметка на тоа, треба да се води кампања со појаснување меѓу луѓето, за да можат уште додека се живи да ја дадат својата согласност за донирање.

РПЦ не прифаќа во законот да биде ставена презумпција за согласност за донирање органи со цел да се зголеми бројот на транспалнтациите: „Господ го создал човекот слободен. Одлуката  на жртвата не треба да биде под присила. Љубовта – а вистинската љубов се содржи во жртвата – може да биде само слободна“.

Поконкретно во проектот се вели: „Руската Православна Црква одамна го има формулирано својот став за постхумното и за време на животот донирање органи за трансплантација. Во 2000 г. Архиерејскиот собор усвои Основи за социјалната концепција на РПЦ. Во тој документ јасно се истакнува дека искористувањето на органите без согласност на човекот е нарушување на човечката слобода“.

Сепак, РПЦ ја одобрува желбата на човекот да жртвува дел од своето тело заради ближниот. Токму со овој повик завршува изјавата: „Од името на Руската Православна Црква се обраќаме до сите граѓани на Русија со молба да дадат согласнот за постхумно донирање органи за транспалтација. Од вашата одлука може да зависи нечиј живот“.

Извор: Двери.бг