Протоепистатот на Света Гора: „Неопходно е да се зајакнат односите помеѓу православните“ (22.06.2013 11:56)
Протоепистатот на Света Гора, Старец Максим Иверски, при неодамнешната смена на членовите на Епистасијата на Света Гора, се осврна на најважните настани во изминатиот период, а особено на преносот на иконата „Достојно е“ во Солун во октомври 2012 г., во рамките на прославувањето на стогодишнината од ослободувањето на Тесалија и Македонија. Овој настан им даде благопријатна можност на верниците, особено на жените, да се поклонат на иконата. Ова се потврди од страна на големиот број верници кои го посетија храмот Св. Димитриј во Солун, за време на нејзиниот престој таму. Се проценува дека пред иконата на Богородица се полонија 500 000 луѓе.
Посетата на Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил на Света Гора, Старец Максим ја нарече историски настан на Света Гора, додавајќи дека во период, кога целиот свет е во криза и Православието е ставено на испит - неопходно е да се зацврстат врските помеѓу православните за доброто на целото човештво. Исто така, треба да се поддржи Вселенската Патријаршија, која е ставена на тест, со тоа што е дел од нестабилната ситуација на територијата на Турција.
Во контекст на трансплатацијата на органи, која некогаш а и сега го онеспокојува грчкиот народ, Старец Максим Иверски ја кажа позицијата на Црквата: „Секој човек е слободен. Христос дошол на светот и го ослободил човекот со Своето доаѓање, чудата и Својата жртва на Крстот. И Самиот Творец смета дека е недозволен секој обид да се пороби човекот и да му се одземе неговата слободна волја, а тоа и Црквата не го одобрува. Човекот има право да ги донира своите органи, но нема право насилно да го принудува другиот на тоа дело“.
Отец Максим, исто така, спомена и за економската криза, од којашто стада Грција, и истакна дека станува збор за криза на идеи, духовни вредности и за отстапување од Божјиот пат. Паралелно, тој ја испрати и својата порака до младите, нарекувајќи ги „жртви на околностите“, и ги повика да се занимаваат со земјоделие, за на тој начин да го исползуваат плодородниот потенцијал на Грција, пишува Agionoros.ru.
Старецот заврши возбудено: „Света Гора живее и вреди заради милоста на Богородица; таа е земно наследство и градина на Божјата Мајка, и таа ќе продожи да постои како надеж за Православието“. Тој, исто така, изрази увереност дека ако државата се однесува кон Света Гора како што треба, таа ќе живее вечно.
Извор: pravoslavie.ru