Ниту еден од двaјцата сириски Митрополити не е убиен (02.07.2013 09:29)
Грчките медиуми соопштија дека видето на кое се гледа обезглавувањето на христијански духовник нема врска со двајцата киднапирани сириски Митрополити – православниот Митрополит на Алепо Павле и сириско-јаковитскиот Јован. Грозниот материјал покажува како исламистите обезглавуваат сириско-јаковитски свештеник и неговите двајца помошници, кои биле заробени во еден опожарен и разграбен францикански манастир. Видеото предизвика претпоставки дека станува збор за еден од двајцата високи духовници, бидејќи на видеото се слушаат зборовите „altemarine“ односно „митрополит“ или „епископ“, и „Alepi“ односно Алепо. Освен тоа меѓу исламистите се слушаат и разговори поврзани со информацијата дека меѓу киднаперите има и Чеченци.
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Турција објави дека двајцата киднапирани Митрополити се живи и дека продолжуваат обидите за нивно ослободување, соопшти Ромфеа. Руското министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека продолжуваат секојдневните обиди за ослободување на двајцата Епископи.
Извор: Двери.бг