Богословскиот институт „Св. Сергеј“ во Париз пред затворање
 
 
 
 
 

Богословскиот институт „Св. Сергеј“ во Париз пред затворање (06.07.2013 11:29)

За неколку дена институтот одбележува деведесет години од основањето, но не само што нема средства за прославување на јубилејот, туку, во секој сегмент, ограничено е и понатамошното функционирање на оваа образовна институција.

Преку официјалниот сајт ректорот на институтот протоереј Николај Озолин се обрати до верниците повикувајќи ги финансиски да помогнат, за да продолжи со работа овој познат центар на православното богословие.

„Финансиската криза доведе до тоа нашата позната теолошка школа да дојде до работ на својот опстанок. За неколку месеци нема да бидеме во состојба ниту да ги исплатиме платите на предавачите и останатите вработени“, рече во интервјуто за медиумите отец Николај.

Извор: Светигора