Света Гора се изјасни против укинувањто на неработниот неделен ден
 
 
 
 
 

Света Гора се изјасни против укинувањто на неработниот неделен ден (17.07.2013 13:20)

Светиот Кинотис (колективниот управен одбор) на Света Гора го изрази своето несогласување со новиот закон кој дозволува продавниците во Грција да работата и во недела. Во писмото до Владата, светогорците сакаат да се преиспита предложениот член „За работата на трговските објекти во недела“. Исто така, тие се обратија и кон пратениците со повик „да бидат на ниво на настаните и да не дозволат да се изгласа законот“.

Поконкретно, во обраќањето се вели: „Со длабока тага, Светиот Кинотис, составен од претставниците на дваесетте манастири на Света Гора, дозна за предложениот во парламентот проект-закон „Правила за регулирање на пазарот на стоки и услуги“, со кој, ако имаат желба и исполнуваат одредени услови, им се дозволува на трговските објекти да работат и во недела. Сметаме дека тоа претставува значаен чекор кон укинувањето на неработниот карактер на неделниот ден, кој уште во Византија бил строго определен и почитуван од грчката држава како знак на почит на нашиот народ кон православното Предание. Укинувањето на неработниот ден во периодот на османлиската власт било избегнато благодарение на борбата на големиот светогорски маченик и народен апостол Козма Етолски, кој меѓу другото рекол: „Браќа мои, ве советувам да внимавате на неделниот ден, кој Му е посветен на Бога“.

Во обраќањето на монасите, исто така, се вели дека во овие критични времиња за историјата на грчиот народ има поголема потреба од враќање на патот на Преданието, а не од дехристијанизација. Тие го молат министерот за регионален развој целосно да го преиспита посочениот член од проект-законот. 

Извор: Двери.бг