Повеќе од 40 000 верници го прославија празникот на Царските маченици во Екатеринбург
 
 
 
 
 

Повеќе од 40 000 верници го прославија празникот на Царските маченици во Екатеринбург (19.07.2013 12:10)

Според разни проценки, во вторникот 16 јули, од 40 до 50 илјади поклоници се собраа во Екатеринбург за празникот Св. Царски маченици – св. цар Николај Романов со семејство.

Полноќната Света Литургија започна со обраќање на Високопреосветениот Екатеринбуршки и Верхотурски Митрополит Кирил. Владиката во своето слово ја откри духовната смисла на подвигот на царското семејство, подвлекувајќи го историското значење и повикувајќи ги сите православни на одговорност кон својата татковина.

Потоа, Митрополитот го поздрави постојаниот член на Светиот Синод при Руската Православна Црква, Високопреосветениот Ташкентски и Узбекистански Митрополит Викентиј, кој дојде во Екатеринбург за прослава на празникот. Митрополитот Викентиј, претходно, 12 години беше на чело на Екатеринбуршката митрополија и направи многу за воспоставување на споменот на св. Царско семејство. Поради ова и во оваа прилика, Митрополитот Кирил му го врачи најголемото одликување во митрополијата – Медал Св. Царски маченици.

Митрополитот Викентиј во словото на благодарност му се заблагодари на претстојателот на Екатеринбуршката епархија за неговиот труд и продолжување на традицијата за почит кон Царските маченици, која започнала на Урал пред дваесет години.

Со Митрополитот Кирил и Митрополитот Викентиј на Светата Литугија сослужуваа и: Рјабинскиот и Углички Епископ Венјамин, Павлодарскиот и Екибастушки Епископ Варнава, Нижњегалскиот и Серовски Епископ Инокентиј, Каменскиот и Алпаевски Епископ Сергиј, како и бројното свештенство од повеќе епархии.

Причестувањето на верните, поради нивниот голем број, се изврши од 100 путири, кои во храмот ги донесе свештенството при Екатеринбуршката митрополија.

По службата, архиереите, свештенството и илјадниците верни извршија Литија до Гањинската јама, по патот по кој за време на нивните страдања биле носени телата на св. цар Николај и неговото свето семејство.

 Извор: Светигора