Според еден ирански сајт двајцата киднапирани Митрополити се живи
 
 
 
 
 

Според еден ирански сајт двајцата киднапирани Митрополити се живи (06.08.2013 11:53)

И покрај многуте меѓународни публикации, според кои двајцата киднапирани сиријски Митрополити се мртви, иранската новинска агенција ALALAM тврди дека високите архиереи се живи. Според нив тие се преместени во Турција и зад нивното киднапирање стојат членовите на иранската опозиција, кои живеат во Истанбул, и членовите на Муслиманските браќа. Агенцијата се повикува на британски дипломат, кој сакал да остане анонимен, и на членот на американскиот Конгрес Чарли Дент.

Потсетуваме дека двајцата Митрополити беа киднапирани пред Велигден во близина на турската граница, на враќање од Антакија (древна Антиохија), и до сега не се пронајдени. Киднапираниот православен Митрополит Павле е брат на Антиохискиот Патријарх Јоан.

Извор: Двери.бг